• среда, 25 декември 2024

Скрекас: Субвенција за електрична енергија од 39 евра за сите домаќинства  

Скрекас: Субвенција за електрична енергија од 39 евра за сите домаќинства  
Атина, 10 ноември 2021 (МИА) – Од 18 на 39 евра, за ноември и декември се зголемува субвенцијата за електрична енергија на грчката Влада за првите 300 киловат часови за сите домаќинства, со цел да се ублажат последиците од енергетската криза, соопшти денеска министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас, јави дописничката на МИА од Атина. Истакна дека од деветте евра соопштени во септември за првите 300 киловат часови, следеше зголемување на 18 евра за октомври и денеска над двојно се зголемува износот што Владата ќе го покрие од сметките за струја на граѓаните. -Формиравме механизам за апсорбирање на најголемиот дел од покачувањето на цените за ниту едно домаќинство да не остане незаштитено од меѓународната енергетска криза, истакна Скрекас и соопшти дека се предвидени олеснувања и за бизнисите. ср/сд/

Остани поврзан