• сабота, 23 ноември 2024

Скопје и 43 општини избраа градоначалници во вториот круг

Скопје и 43 општини избраа градоначалници во вториот круг
Скопје, 1 ноември 2021 (МИА) – Државната изборна комисија вчеравечер ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК Александар Даштески, ќе бидат објавени денеска. Согласно објавените првични податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини и тоа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш. Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини - Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир. Алијасна за Албанците и Алтернатива има градоначалници во Врапчиште и Гостивар, а БЕСА во Желино и Тетово. ГРОМ има нов градоначалник во Карпош, ДПА во Студеничани, а коалицијата на ЛДП и ДОМ освои градоначалничко место во Шуто Оризари. Независни кандидати победија во  Дебрца, Куманово и Скопје. вј/са/                      

Остани поврзан