• сабота, 23 ноември 2024

Скопје домаќин на меѓународен танцов напревар

Скопје домаќин на меѓународен танцов напревар
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Скопје денеска ќе биде центар на танцовиот свет, каде на меѓународен танцов натперавар ќе настапат над 100-тина танцови двојки во повеќе старосни групи и над 200 соло изведувачи од Северна Македонија, Италија, Бугарија, Србија, Грција, Естонија, Хонг Конг и од Хрватска. Организатор на натпреварот, што ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ е танцовиот клуб „Ритам Плус“ од Скопје. Натпреварот е на календарот на Светската танцова федерација. Од земјава покрај организаторот, ќе настапат и танчери од клубовите: ТСК Степ АП, ТСК Линеа , ТСК Динамик, ТСК Прима Данца, ТСК Бранимир и Бранкица, Танцово студио Ребис. Оваа јубилејна танцова манифестација ќе ги собере најдобрите натпреварувачи во повеќе танцови дисциплини. Билетите се веќе во продажба, а на денот на натпреварот и на билетарата во СЦ Јане Сандански. Настанот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје. вг/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан