Скопје во декември домаќин на Европското првенство во брз и блиц шах
- Македонската престолнина Скопје од 6 до 11 декември ќе биде домаќин на Европскиот шампионат во брз и блиц шах, објави Европската шаховска федерација.
Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) – Македонската престолнина Скопје од 6 до 11 декември ќе биде домаќин на Европскиот шампионат во брз и блиц шах, објави Европската шаховска федерација.
Европското првенство во брз шах ќе биде прво на распоредот и ќе се одржи на 7 и 8 декември. На 9 декември ќе се играат партиите од Европскиот блиц шаховски шампионат. Следнито ден (10 декември) на програмата е Европскиот Фишер шаховски шампионат.
Вкупниот награден фонд на првенството изнесува 47.000 евра.
Шаховските партии ќе се играат во хотел „Континентал“. зс/
Фото: ШК Алкалоид