• петок, 05 декември 2025

Скопјанец пријавил дека две лица со закана одзеле пари од малолетничка, а потоа нападнале нејзин другар

Скопјанец пријавил дека две лица со закана одзеле пари од малолетничка, а потоа нападнале нејзин другар

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Скопјанец пријавил во полиција дека две лица со закана со остар предмет одзеле пари од малолетничка, а потоа нападнале нејзин другар.

- Синоќа во 19 часот во СВР - Скопје, И.М., 55-годишен скопјанец, пријави дека во Градскиот парк во градот, две лица со закана со остар предмет одзеле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан