Скопјанец повреден од заталкано зрно од огнено оружје
- Скопјанецот А.Д. (29) синоќа бил повреден од заталкано зрно од огнено оружје во фудбалски терен – балон на подрачјето на Чаир.

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Скопјанецот А.Д. (29) синоќа бил повреден од заталкано зрно од огнено оружје во фудбалски терен – балон на подрачјето на Чаир.
Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, случајот бил пријавен синоќа во 22.51 часот во Полициската станица Чаир. Повредениот бил донесен на лекување во Поликлиниката Чаир.
- Полициски службеници излегле на местото на настанот и го подигнале зрното за понатамошна постапка, а на покривот од балонот било забележено оштетување од зрното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР. мд/аа/
Фото: МИА архива