• понеделник, 23 декември 2024

Скопјанец осомничен дека тешко телесно ја повредил бремената сопруга

Скопјанец осомничен дека тешко телесно ја повредил бремената сопруга

Скопје, 15 октомври 2023 (МИА) -  Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

-На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот. Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште. Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал.Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото, информира ЈО.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство,  можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.лв/

Остани поврзан