• среда, 25 декември 2024

Скопска Апелација му ја зголеми казната на возачот осуден за сообраќајката кај „Сити мол“

Скопска Апелација му ја зголеми казната на возачот осуден за сообраќајката кај „Сити мол“
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на возачот Јордан Ѓоргиев, осуден за сообраќајната несреќа во која на пешачки премин кај „Сити мол“ загина 24-годишната Викторија Николова. Казната, како што потврдија од Апелација за МИА, е зголемена од три на четири години затвор, по делумно прифатената жалба на Обвинителството, кое барало да се зголеми и времетрањето на одземањето на возачката дозвола на Ѓоргиев, ама не било прифатено. Од Апелација велат дека пресудата во која се образложени причините за ваквата одлука наскоро ќе биде јавно објавена. Апелациониот суд ја одбил жалбата на одбраната за мерката притвор на Ѓоргиев, кој од несреќата во јануари годинава досега се наоѓа во притвор. Претходно, Кривичниот суд го осуди Ѓоргиев на три години казна затвор, по несреќата во која освен што загина Николова, со повреди се здоби и нејзиното момче Леонид Даов. Обвинетиот Јордан Ѓоргиев ја призна вината и судскиот процес против него заврши со едно рочиште. Јавното обвинителството тогаш утврди дека возачот не обрнал внимание дека семафорите се исклучени, и иако бил должен не ги пропуштил пешаците. аа/дма/

Остани поврзан