Скопската зоолошка го одбележа Светскиот ден на морските лавови
- Од Скопската зоолошка апелираат граѓаните да бидат добри посетители и да не фрлаат ништо во живеалиштето на морските лавови.

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Зоолошката градина во Скопје денеска го прослави Светскиот ден на морските лавови, информираат на нивната страница на „Фејсбук“.
- Денеска го прославуваме Светскиот ден на морските лавови заедно со нашите омилени Кан и Гете. Нивните медицински тренинг и хранење може да се погледнат секој ден од 11 и 14 часот, освен во петок кога се празни и чисти базенот, а тие уживаат во третман со солена вода во малите базени, појаснуваат од Скопската зоолошка.
Оттаму апелираат граѓаните да бидат добри посетители и да не фрлаат ништо во живеалиштето на морските лавови. бд/бак/
Фото и видео: Зоолошка градина - Скопје