• понеделник, 23 декември 2024

„Скај“ го обнови договорот за емитување на натпреварите од англиските дивизии за околу една милијарда фунти

„Скај“ го обнови договорот за емитување на натпреварите од англиските дивизии за околу една милијарда фунти

Лондон, 6 мај 2023 (МИА) – Фудбалските клубови од англиската втора, трета и четврта лига го обновија договорот за емитување на своите натпревари во следните пет години со телевизијата „Скај“ за сума од 935 милиони фунти, соопштија синоќа двете страни.

Пренесувани ќе бидат повеќе од илјада натпревари по сезона од Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2, а на сила останува забраната за директни преноси на натпреварите кои почнуваат од 15 часот по локално време.

Договорот, кој го покрива периодот од 2024/25 до 20208/29, вклучува износ од 895 милиони фунти за правата за емитување и 40 милиони фунти за комерцијални права.

Ова претставува зголемување за 50 отсто во однос на претходниот договор, кој истекува на крајот на тековната сезона. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан