• сабота, 23 ноември 2024

Скандал во Дубаи - Русинот Рубљев дисквалификуван поради навреда на судијата

Скандал во Дубаи - Русинот Рубљев дисквалификуван поради навреда на судијата

Дубаи, 1 март 2024 (МИА) - Рускиот тенисер Андреј Рубљев беше дисквалификуван на мечот со Александар Бублик, поради тоа што му се развика на линискиот судија, откако го загуби гемот во решавачкиот трет сет со резултат 6:7, 7:6, 6:5 за Казахстанецот.

Имено, пред решавачката размена во која го загуби натпреварот, топката на Александар Бублик го напушти теренот пред линиските, кои не ја прекинаа играта, за во продолжението на акцијата, Рубљев, малку декоцентриран, направи грешка и ја испрати топката во аут. Така Бублик го доби гемот и влезе во ситуација да сервира за финале.

Рубљев практично дотрча до судијата и почна да го пцуе на руски, што го разбрал судијата, кој потоа се пожалил на главниот судија и организаторите. А, епилогот беше дисквалификација. Рубљев се бранеше и рече дека зборувал на англиски и не навредувал никого, но тоа не му помогнало.

И покрај поддршката на Бублик, главниот судија не ја промени својата одлука, па носителот на четири АТП титули го заврши своето учество во Дубаи без пари и веќе освоени бодови, што практично значи дека од следната недела ќе испадне од Топ 5 листата. .

Бублик на тој начин се пласираше во финалето на турнирот од серијата 500, кој се игра за награден фонд од 3 милиони долари, каде ќе го чека победникот од дуелот меѓу Медведев и Умбер. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан