• сабота, 21 декември 2024

Си Џинпинг: Кина подготвува итна помош во храна за африканските земји

Си Џинпинг: Кина подготвува итна помош во храна за африканските земји

Пекинг, 24 август 2023 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина ќе обезбеди итна помош во храна за поедини африкански земји, пренесува Блумберг.

Тој за време на состаноците со претставниците на африканските земји на самитот на БРИКС во Јужна Африка рече дека Кина исто така ќе им помогне на земјите на континентот да го прошират сопственото одгледување житарици.

Блумберг наведува дека инфлацијата на храната во Африка се зголемила од почетокот на војната во Украина и дека конфликтот ги зголемил трошоците за гориво и вештачко ѓубриво, што пак ги зголемило цените на храната во Африка. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан