• среда, 27 ноември 2024

Си побара од ракетните сили да ја зголемат подготвеноста и способностите за одвраќање

Си побара од ракетните сили да ја зголемат подготвеноста и способностите за одвраќање

Пекинг, 19 октомври 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг побара од ракетните сили на Кинеската Народноослободителна армија да ги зајакнат своите „способности за одвраќање и борбена готовност“.

Си го изјави ова во четвртокот за време на инспекцијата на бригадата на ракетните сили, објавија кинеските медиуми.

Тој побара од ракетните сили на Народноослободителната војска одлучно да ги исполнат задачите што им ги довери партијата и народот. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан