• понеделник, 23 декември 2024

Сиљановска Давкова: Денот на aлбанската азбука е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава

Сиљановска Давкова: Денот на aлбанската азбука е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување, пишува претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитката по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.

-Дваесет и втори ноември е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава. Пред 116 години во Битола е унифицирана албанската азбука, чин којшто ја зацврстил јазичната самосвест на албанскиот народ и создал темел за понатамошен културен и цивилизациски прогрес, посочува претседателката.

Јазикот, како што истакнува  Сиљановска Давкова, создава простор за разбирање, за соработка и за обединување околу идентитетските вредности. Преку него, различностите стануваат богатство, а иднината – можност за индивидуален и колективен раст.

-Албанскиот јазик и култура се вградени во нашето социјално ткиво и отвораат простор за меѓусебно разбирање и соживот. Почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество. Бевме и остануваме пример на посветеност кон зачувување и унапредување на етничката, јазичната, културната и верската разноликост, овозможувајќи образование на мајчиниот јазик во сите степени, како и слободно и достоинствено изразување на колективната меморија и духовност, посочува во честитката претседателката на државата. дма/са/

Фото: Кабинет на претседателската Гордана Сиљановска Давкова 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан