• среда, 25 декември 2024

Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, Вилијам Maјпамбе Сиказве

Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, Вилијам Maјпамбе Сиказве

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, со седиште во Анкара, Вилијам Maјпамбе Сиказве.

-На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека именувањето на нерезидентен амбасадор на Република Замбија во нашата држава, отвора дополнителни можности за поангажирана заедничка работа во откривање нови области за соработка, како и за размена на искуства и добри практики во образованието, здравството, во зачувувањето на природната средина и биодиверзитетот, во постигнување на одржлив развој и благосостојба за сегашните и идните генерации, информираат од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Амбасадорот Сиказве во својот говор на церемонијата на предавање на акредитивните писма ја истакнал посветеноста на Замбија за унапредување на билатералната соработка со нашата држава, во сите сфери од заемен интерес, со акцент на можностите за развој на економската, трговската и инвестициската соработка. сст/ев/

фото кабинет на претседатетелката Сиљановска Давкова

Остани поврзан