Сиљановска-Давкова на Ability Awards 2025: Време е да научиме да ги почитуваме разликите, наместо да ги негираме
- Време е да научиме да ги почитуваме разликите, наместо да ги негираме. Време е за нашето очовечување преку градење инклузивно македонско општество, како пристојно место за живот, порача вечерва претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова на свеченоста на доделувањето на признанијата „Ability Awards 2025“, на која беа наградени 20 поединци и компании што го поттикнуваат и унапредуваат квалитетот на животот на лицата со попреченост.
Скопје, 2 декември 2025 (МИА) – Време е да научиме да ги почитуваме разликите, наместо да ги негираме. Време е за нашето очовечување преку градење инклузивно македонско општество, како пристојно место за живот, порача вечерва претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста на доделувањето на признанијата „Ability Awards 2025“, на која беа наградени поединци и компании што го поттикнуваат и унапредуваат квалитетот на животот на лицата со попреченост.
Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателката истакна дека овој ден е потсетник за колективната и индивидуалната одговорност.
- Чест е да се дружиме со оние на кои им се оддава заслужена почит за дострелите, но и морална обврска да си ветиме дека ќе се вклучиме во неопходните промени, истакна Сиљановска Давкова
Таа потсети на обврските од Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, која го замени застарениот медицински пристап со модел заснован на права, автономија и партиципација.
-Но едно се принципите, а друго реалноста, во која се соочуваме со бројни бариери, несоодветни јавни политики, неадаптирани институции и неадекватна инфраструктура, нагласи претседателката.

Вечерва беа доделени награди во повеќе категории. Во категоријата импакт влијание и менување на јавната свест, наградата му беше доделена на Марко Пејчиновски, во категоријата култура и уметност на Тома Димовски, а во категоријата спортски достигнувања наградена е Елена Давитковска.
За инклузивна маркетинг кампања годинава наградата ја понесе Македонски телеком, за инклузивен работодавач прогласен е ПОЦ паркинзи, а во категоријата пристапно работно опкружување наградата ја доби Рамстор.
Во категорија инклузивно образование годинашен добитник на наградата е средното општинско училиште „Ибрахим Темо“ од Струга, во категоријата бизнис лидер Радослав Галиќ, во категоријата бизнис сектор награден е Филип Наков, а во категоријата ИТ годинава наградата му беше врачена на Кристијан Лазарев.
Во категоријата вработени во јавна институција добитник е Симона Јовеска која работи во Општина Битола, а во категоријата вработен во образованието добитник е советник за социјални работи во општина Битола, а во категоријата вработен во образованието годинава награден е Љубиша Савески, професор во државното средно училиште Партеније Зографски“.
Наградата во категоријата самостоен живот ја добија Елизабета и Новче Тодоровски, а Клубот за спорт и рекреација на инвалиди од Битола ја доби наградата за организација водена од лица со попреченост. Во областа на медиумите годинава добитник на наградата е „Види Вака. бк/бак/
Фото: Принтскрин