Сијарто: Унгарија и Велика Британија започнуваат стратешка соработка за нуклеарни реактори
- Унгарија и Велика Британија започнуваат стратешка соработка за брзо распоредување на мали модуларни нуклеарни реактори, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со неговиот британски колега Дејвид Лами.
Лондон, 28 јануари 2025 (МИА) - Унгарија и Велика Британија започнуваат стратешка соработка за брзо распоредување на мали модуларни нуклеарни реактори, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со неговиот британски колега Дејвид Лами.
Сијарто ја истакна важноста на нуклеарната енергија во Унгарија и Велика Британија, додавајќи дека во последните години двете земји меѓусебно се поддржуваат во нуклеарниот развој.
Тој рече дека електрани може да се градат на површина со големина на фудбалско игралиште, што е доволно за напојување на мала населба или поголема фабрика „на ефикасен и еколошки начин“. паг/
Фото: МИА архива