• петок, 27 декември 2024

Сијарто: Ратификацијата од Унгарија на приемот на Шведска во НАТО е само техничка работа

Сијарто: Ратификацијата од Унгарија на приемот на Шведска во НАТО е само техничка работа

Будимпешта, 11 јули 2023 (МИА) - Унгарските власти, кои се уште не го ратификувале приемот на Шведска во НАТО, денеска соопштија дека тој процес е само техничка работа.

„Нашиот став е јасен. Владата го поддржува приемот на Шведска во НАТО. Завршувањето на процесот на ратификација сега е само техничко прашање“, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред да замине на дводневниот самит на НАТО во Вилнус.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа во Вилнус изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласил да го испрати протоколот за прием на Шведска во НАТО до турскиот Парламент „што е можно поскоро“.

Заедно со Унгарија, Турција беше единствената од 31 земја на НАТО која сè уште не го ратификуваше членството на Шведска. Унгарија тогаш најави дека ќе даде согласност доколку Турција го стори тоа. паг/

Фото: МИА архива


 
 

 

Остани поврзан