• сабота, 23 ноември 2024

Сити сè уште не разговарал за нов договор со Агуеро, фудбалерот сака да ги знае плановите на клубот

Сити сè уште не разговарал за нов договор со Агуеро, фудбалерот сака да ги знае плановите на клубот
Манчестер, 8 февруари 2021 (МИА) - Манчестер сити сè уште не започнал преговори со напаѓачот Серхио Агуеро за нов договор. Двете страни не се активни во врска со ситуацијата, иако договорот на 32-годишниот Аргентинец со „граѓаните“ истекува на крајот на јуни 2021 година. Агуеро има различни опции за кариера. Сепак, првото нешто што играчот сака да го направи е да слушне за плановите на Манчестер сити. Претходно беше објавено дека Барселона може да потпише со Агуеро за да го убеди Лионел Меси да остане, а самиот Серхио ќе биде среќен што ќе се пресели во каталонскиот клуб. Оваа сезона, Агуеро одигра само пет натпревари во Премиер лигата за Сити, бидејќи долго време закрепнуваше од повреда, а потоа се разболе од коронавирус. зс/

Остани поврзан