• понеделник, 23 декември 2024

Сити го финализираше трансферот на Феран Торес

Сити го финализираше трансферот на Феран Торес
Манчестер, 4 август 2020 (МИА) - Крилниот напаѓач на Валенсија, Феран Торес, официјално се пресели во Манчестер Сити. „Граѓаните“ потпишаа со талентираниот Шпанец на 5 години. Претходно денес, тој беше подложен на лекарски прегледи во Барселона, по што немаше никакви пречки за да се потврди договорот. - Јас сум многу среќен што му се придружив на Манчестер Сити. Секој играч сака да игра во офанзивен тим, а Сити е една од најнапаѓачките екипи во светот. Се надевам дека ќе имам улога во идниот успех на клубот, рече 20- годишниот крилен напаѓач. Феран Торес е дете на Валенсија. Минатата сезона тој забележа 34 натпревари во Ла Лига (26 како стартер), во кои постигна 4 гола и даде 5 асистенции. Откако стана јасно дека младиот фудбалер нема да го обнови договорот и ќе го напушти „Местаља“, за него интерес покажаа локалните гиганти Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, но тој ја избра можноста да работи под водство на Гвардиола во Сити. Според медиумите, „лилјаците“ ќе добијат 23 милиони евра, а во договорот ќе бидат внесени уште 12 милиони евра во форма на бонуси.

Тагови

Остани поврзан