• вторник, 24 декември 2024

Сите возови во Франција сообраќаат нормално

Сите возови во Франција сообраќаат нормално

Париз, 29 јули 2024 (МИА) - Сите возови во Франција од утрово сообраќаат нормално, по саботажата на железничката мрежа што се случи во петокот, неколку часа пред свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, изјави францускиот министер за транспорт Патрис Вергрие.

Тој рече дека „од 800.000 патници кои биле потенцијално погодени за време на викендот, 700.000 успеале да го завршат своето патување“.

Во Франција синоќа завршија поправките на железничките пруги оштетени од пожарите што ги подметнаа во петокот, соопшти францускиот национален железнички оператор СНЦФ. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан