Сириските противвоздушни сили пресретнале „непријателски цели“ над Дамаск
- Сириските противвоздушни одбранбени сили денеска пресретнале „непријателски цели“ над главниот град Дамаск, јавуваат државните медиуми во земјата.

Дамаск, 20 јули 2020 (МИА) - Сириските противвоздушни одбранбени сили денеска пресретнале „непријателски цели“ над главниот град Дамаск, јавуваат државните медиуми во земјата.
Медиумите не објавуваат детали за инцидентот, а снимките покажуваат експлозии на небото над сириската престолнина.
Британските медиуми наведуваат дека ова е најнов бран на напади, за кој западни разузнавачки извори велат дека Израел го изведува против цели во Сирија. сд/