• четврток, 19 декември 2024

СИРИЗА: Владата испраќа пораки на опуштеност, во период кога се зголемува бројот на нови случаи на Ковид-19

СИРИЗА: Владата испраќа пораки на опуштеност, во период кога се зголемува бројот на нови случаи на Ковид-19
Атина, 14 јули 2020 (МИА) - Наместо зголемена претпазливост, Владата во изминатиот период континуирано испраќа пораки на опуштеност, во исто време кога се зголемуваат случаите на коронавирусот, потврдувајќи ги противречноста и неодговорност на кои се темелат нејзините одлуки, соопштуваат од грчката опозициска партија СИРИЗА, јави дописничката на МИА. Коментирајќи ги последните владини одлуки, од СИРИЗА потенцираат дека Владата и Мицотакис мора да сфатат дека јавното здравје и туризмот, „не можат да бидат поле за експериментирање“ и потребна е сериозност и доследност. -Откако не се залагаше за тестови пред пристигнувањето на грчките аеродроми; откако не усвои унифицирани епидемиолошки критериуми за контрола на сите влезни точки во земјата; откако, вон секоја логика, ги дозволи панаѓурите, а вчера побрза да ги забрани; откако ја игнорираше препораката на експертската Комисија и ја укина задолжителната употреба на маска во трговските центри и моловите, без да се потруди да ги објасни причините, сега, брза да ги прибере последиците од нејзината непредвидлива тактика под опасноста од ново неконтролирано разгорување на пандемијата, соопштуваат од СИРИЗА.ср/зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан