• петок, 21 март 2025

Сирените за воздушен напад се огласуваат во Израел поради ракетен напад од Јемен

Сирените за воздушен напад се огласуваат во Израел поради ракетен напад од Јемен

Тел Авив, 20 март 2025 (МИА) - Сирените за воздушен напад одекнаа низ Ерусалим и населбите на окупираниот Западен Брег денеска додека Израел пресретна уште една ракета истрелана од Јемен, соопшти израелската армија.

Нема информации за жртви или материјална штета.

Милицијата Хути во Јемен, поддржана од Иран, ги продолжи нападите врз Израел по пропаѓањето на примирјето меѓу Израел и Хамас во вторникот.

Како резултат на тоа, сирените за воздушен напад се огласија во пошироката област на Тел Авив и Ерусалим за прв пат по повеќе од два месеци. Дополнителни ракетни предупредувања беа пријавени и во вчеравечер во централен и јужен Израел.

Медиумите на бунтовниците Хути во Јемен, пак, објавија дека денеска биле извршени нови напади врз два региони на Јемен под нивна контрола.

Каналот Ал Масира го нарече „американска агресија“ и додаде дека четири напади ја погодиле провинцијата Ходеида на Црвеното Море, додека друг напад бил насочен кон Саада, упориште на движењето Хути на северот на земјата. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан