• вторник, 26 ноември 2024

Синот на чешкиот премиер најави тужба против својот татко

Синот на чешкиот премиер најави тужба против својот татко
Прага, 10 септември 2021 (МИА) - Синот на чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека е одлучен да поднесе кривична пријава против својот татко, кого го обвинува дека во вовлекол во случај на наводна злоупотреба на европски средства. - Против мене се извршени злодела. Мојот татко на суд треба да одговара за она што се осмели да ми го направи, изјави Бабиш помладиот за весникот „Деник Н“. Тој исто така тврди дека бил задржан на Крим против негова волја во 2018 година, за да не сведочи во тој случај. Премиерот ги отфрла обвинувањата и тврди дека неговиот син е ментално болен. Чешката полиција вчера го испрашуваше Бабиш помладиот пет часа. Тој им достави мислење од специјалист во кое се наведува дека нема проблеми со менталното здравје. Бабиш е осомничен дека илегално добил два милиони евра од фондовите на ЕУ за изградба на фарма и конгресниот центар Штрково гнездо во 2008 година. Потоа, наводно, тој ја пренел сопственоста над фармата, што била дел од неговиот концерн Агроферт, за да може да добие европски грантови за мали и средни претпријатија, а по пет години се вратил во концернот. Полициските истражители препорачаа поднесување кривична пријава против Бабиш во јуни, но државниот обвинител го врати случајот во полиција за понатамошна истрага, така што случајот останува отворен. Бабиш ги отфрла сите обвинувања, тврдејќи дека се политички мотивирани. ссм/

Остани поврзан