• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Синнер, Ѓоковиќ и Дрејпер се откажаа од Мастерсот во Торонто

Синнер, Ѓоковиќ и Дрејпер се откажаа од Мастерсот во Торонто

Торонто, 20 јули 2025 (МИА) - Светскиот рекет број 1 Јаник Синер и Србинот Новак Ѓоковиќ, кој е рангиран на 6. место на АТП ранг-листата, се откажаа од турнирот во Торонто, објави прес-службата на натпреварувањето.

Тенисерите одлучија да го прескокнат Мастерсот поради замор по Вимблдон 2025, каде што Италијанецот победи, а Србинот стигна до полуфиналето.

Петтиот светски тенисер, Британецот Џек Дрејпер, исто така, нема да игра во Торонто поради повреда на раката.

Турнирот ќе се одржи од 26 јули до 7 август. Во сезоната 2024, Мастерсот во Канада го освои Австралиецот Алексеј Попирин. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан