Синди Меклафин го сруши сопствениот светски рекорд на 400 метри
- Сидни Меклафин од САД го сруши сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки и го освои првото место на Светското првенство во атлетика што се одржува во Јуџин, САД.
Меклафин истрча со време под 51 секунда и го постигна новиот светски рекорд кој сега изнесува 50,68 секунди.
Втора на трката беше Фамке Бол од Холандија, која истрча за време од 52,27 секунди, додека третото место ѝ припадна на Далија Мухамад од САД со 53,13 секунди.
Претходно Меклафин истрча со време од 51.46 за освојување на олимписката титула во Токио, а го собори рекордот по трет пат на овогодинешното американско првенство во Јуџин на 25 јуни, со време од 51.41. ар/вг/