• петок, 27 декември 2024

Синдикатот на работниците од безбедноста на германските аеродроми за четврток свика штрајк

Синдикатот на работниците од безбедноста на германските аеродроми за четврток свика штрајк

Берлин, 30 јануари 2024 (МИА) - Германскиот синдикат Верди ги повика работниците од безбедноста во четврток да штрајкуваат на главните германски аеродроми, јави ДПА.

Според соопштението, синдикатот, кој бара зголемување на платите за вработените, повикал околу 25.000 вработени во безбедносната индустрија да прекинат со работа од четврток наутро до полноќ.

Весникот „Билд“ пренесе дека доколку има штрајк, не ќе може да се проверуваат патниците, вработените и стоката што треба да поминат низ безбедносните зони на аеродромите, што најверојатно ќе го наруши воздушниот сообраќај во Германија.

Синдикатот Верди се уште официјално не ги коментирал овие наводи.

Британските медиуми пренесуваат дека овој синдикат, исто така, планира во петок да организира штрајк на јавниот превоз во 15 од 16-те сојузни германски покраини. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан