Симиќ нов тренер Навико Академија ФМП
- Поранешниот тренер на Работнички, Тони Симиќ е нов тренер на Академија ФМП.
![Симиќ нов тренер Навико Академија ФМП](https://mia.mk/index.php/images/20230112110704_big_730x400_62.webp )
Скопје, 12 јануари 2023 (МИА) – Поранешниот тренер на Работнички, Тони Симиќ е нов тренер на Академија ФМП.
Станува збор за тренер кој своето прволигашко искуство го започна во екипата на Работнички, каде што помина и голем дел од својата играчка кариера.
– Пред се благодарност до управата на клубот за укажаната доверба, да бидам нов тренер на Навико Академија ФМП. Не чека доста работа во периодот кој следува и мислам дека овој тим има потенцијал за подобри резултати од моменталните, со одредени промени во играчкиот кадар. Оптимист сум како и секогаш, со напорна работа и максимална посветеност на сите во клубот, резултатите ќе дојдат сами по себе на крајот, изјави Симиќ.
Клубот се заблагодарува на досегашниот тренер Николче Божиноски за постигнатите успеси и истиот останува дел од ФМП и од стручниот штаб со изменета улога од досегашната. зс/