• понеделник, 23 декември 2024

Симиќ го одреди тимот кој ќе патува за Шопрон

Симиќ го одреди тимот кој ќе патува за Шопрон
Скопје, 16 јули 2021 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, Тони Симиќ ги одбра 12-те играчи кои ќе патуваат за унгарски Шопрон на ФИБА „Челенџер“ турнирот. Во тимот ќе ги нема Лејсон Зекири и Андреј Андоноски кои се прекомандувани во А селекцијата. Изборот на Симиќ е: Данаил Иванов, Дарио Митевски, Богдан Мирковски, Љубиша Димитровски, Павел Данаиловски, Лука Савиќевиќ, Давид Наумовски, Виктор Исајлоски, Таулант Ибраими, Филип Ѓорѓиев, Никола Груевски и Кристијан Столевски. Македонската репрезентација е дел од Д-групата во која се и селекциите на: Романија, Луксембург и Швајцарија. зс/

Остани поврзан