Кандидатот за претседател на Романија Симион доби поддршка од италијанската премиерка Мелони
- Кандидатот за претседател на Романија на националистичката партија „Алијанса за обединување на Романците“ (АУР), Џорџе Симион, се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.
Рим, 15 мај 2025 (МИА) - Кандидатот за претседател на Романија на националистичката партија „Алијанса за обединување на Романците“ (АУР), Џорџе Симион, се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.
Симион на својот фејсубк-профил објави и фотографија со Мелони, придружена со коментар „Имаме пријатели, имаме сојузници, но најважно од сè, го имаме Бога!“.
Во меѓувреме, италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, еден од евроскептичните лидери на владината коалиција во Италија, напиша вчера вечерта на својот официјален профил на социјалната платформа „Х“ дека го поддржува кандидатот на АУР за вториот круг од претседателските избори в недела. Така тој им се придружи на другите европски десничарски и крајнодесничарски лидери кои веќе ја изразија својата поддршка за Симион, вклучувајќи ја и лидерката на крајнодесничарската партија Национален собир во Франција, Марин Ле Пен.
Претходно оваа недела, Симион ја посети и Полска, каде што се сретна со сегашниот претседател Анджеј Дуда и учествуваше на предизборен митинг на Карол Навроцки. Навроцки е кандидат за претседател на Полска, поддржан од главната опозициска националистичка партија „Закон и правда“.
Кандидатот за претседател на АУР денеска е во Брисел, како што е јасно од неговата објава на Фејсбук. мс/
фото: Фејсбук