• петок, 05 декември 2025

Симеоне сака Атлетико да го ангажира Ромеро од Тотенхем

Симеоне сака Атлетико да го ангажира Ромеро од Тотенхем

Мадрид, 18 јуни 2025 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изјави дека клубот сака да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро.

- Дали го сакам Ромеро? Секако! Тој е одличен играч, изјави Симеоне за шпанските медиуми.

Дваесет и седумгодишниот Ромеро има уште две години од договорот со Тотенхем. Минатата сезона тој одигра 26 натпревари, постигна еден гол и две асистенции.

Атлетико Мадрид во моментов се наоѓа во САД на Светското клупско првенство. Во првото коло, Атлетико беше убедливо поразен (0:4) од Пари Сен-Жермен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан