• понеделник, 16 декември 2024

Силјановска Давкова: Да не се откажуваме од стручните, успешните луѓе тие ќе помогнат Македонија да го најде местото во ЕУ

Силјановска Давкова: Да не се откажуваме од стручните, успешните луѓе тие ќе помогнат Македонија да го најде местото во ЕУ

Куманово, 9 април 2024 (МИА) - Куманово е родното место на револуцијата, на победата, затоа вистинското место за да се ветат револуцинерни промени на ум, демократија, наместо автократија, на правна, а не корпумпирана држава, на длабоки реформи во судство, здравство, судство, социјална заштита е токму оттука, кажа пред кумановци кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Куманово.

Таа вети дека ќе продолжи да се бори за рамноправноста, вели дека претседателот е тој што го отсликува народот, а најави и враќање на народните канцеларии. Зброувајќи за состојбата во државата рече дека е далеку е од европска и демократска, нагласувајќи, дека истражувањата покажуваат дека сме најнесреќниот народ во Европа. Додаде дека ќе стори се, Македонија да биде пристојна држава во која владее правото, правдата, а не „моќни политички богови и олигахиски групи“.

-Оние кои се на функција треба во секој момент да ви докажуваат дека таму се поради вас, не поради своите кариери јас ќе го докажам тоа, рече Силајновска Давкова. Претседателскиот кабинет ќе биде составен од стручни и компетенети луѓе, народните канцеларии ќе бидат место за граѓаните, кои ќе можат да критикуваат, да предалгаат и заеднички да ја вратат гордоста.

Обраќајќи им се на младите рече дека за нив е потребно да се создаде амбиент за натпревар во којшто тие ќе сакаат да се вратат дома, рече дека е горда на спортистите, на академците.

-Се е ново во програмата дури и она обичното може да биде импусл во просперитетот на државата и во европеизацијата на Македонија. Ќе се обраќам не како овој претседател, само за Нова година, туку секогаш кога ќе мислам дека треба да ги потсетам и пратениците и Владата на граѓаните особено на оние кои имаат потреба од заштита. Тоа е демократски, тоа е во рамките на поделбата на власта, и што е најважно тоа сите ќе го видите пред Собранието оти тоа е јавна граѓанска и претеничка сцена, рече Силјановска Давкова.

Во однос на консензусот и единството на нацијата и државата, рече дека ќе се обрати пред пратениците, опозиција, дека единството се гради без оглед на политичкиот статус и најави дека ќе трага по пратеничкото единство.

Збровувајќи за судството рече дека е подложно на „политички или олигархиски притисоци“.

Таа посочи дека сегашната меѓународна политика не е добра и не не препознаваат како држава која ги брани националните интереси, најави засилена промоција покрај традиционалната и на спортската, културната, академската дипломатија, почести средби на советот на безбедност.

Најави и засилена соработка со иселениците, организирање семинари по макеоднски јазик за децата. За неа како професрока по право, водилка е владеењето на правото, правдата, етиката, како пратеничка го критикуваше носењето закони по скратена постапка и рече дека така се злоупотребува европското знаме, дека од тие закони бенефит имале поединци и групи.

Во обраќањето пред кумановци се осврна на екологијата и заштитата на животната средина и рече дека во соработка со граѓански организации ќе гради стратегија. 

-Да не се откажуваме од успешните, стручните, компетентните луѓе, да ги негуваме како цвеќињата оти од Македонија ќе направат демократска политичка градина што заслужува да си го најде местото во ЕУ која се разбира дека е нашата иднина и јас убедена сум дека со оваа власт, не верувам ама со некоја власт која се однесува европски ќе ги го најдеме местото таму, рече Силајсновска Давкова.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика кумановци масовно да излезат и да гласаат за Силјановска Давкова. Критикувајќи ја власта рече дека народот живее во тешко време, постојано осиромашува, протестира здравство...

-Животниот стандард е под секое ниво. Платите не стигаат ни за половина месец. Трошоците се зголемуваат, а платите недоволно растат. Од друга страна колку повеќе народот осиромашува, толку повеќе се богати кликата на власт. Криминалот цвета. Корупција насекаде, правда никаде, рече тој.

Тој кажа дека ниту Ковачевски, ниту Пендаровски не го критикувале ДУИ зашто знаат дека нема да имаат поддршка за вториот круг. Промената, рече тој зависи од одлуката на граѓаните.

Мицкоски потенцираше дека ова се избори кога народот мора да ја преземе државата и да ја врати контролата во свои раце.

Изборот нагласи тој, треба да биде Гордана Силјановска Давкова за која посочи дека е личност со интелект, интегритет, личност со верба во принципи и со свој став.

-Ставовите на професорката Гордана Силјановска може да ви се допаѓаат или да не ви се допаѓаат, но не можете да спорите дека секогаш т се издржани и се со аргументи. Тоа е жена која е чесна во полтииката и со огромно знаење. Малкумина со нејзиниот интелект и енергија би влегле во политиката и би го нарушиле комдитетеот и удобниот живот,  само за да и помогнат на Макеоднија и на идниата на Макеоднија, рече Мицкоски.

Тој повика дека гласот за неа е глас за „Горда Македонија, за принципи, за вредности“.

Пред присутните се обрати и потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мислајловски којрече дека професорката ќе ја претставува Македонија, и дома, и во светот, на најдобар можен начин. ам/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан