Силен земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Дебарско
- Два силни потреса се регистрирани вечерва во Албанија.

Тирана, 28 јануари 2020 (МИА) – Два силни потреса се регистрирани вечерва во Албанија.
Првиот земјотрес е со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 21:15 часот со епицентар кај местото Хамале, кај Драч, на длабочна од 10 километри. Веднаш по првиот беше почувствуван вториот потрес.
Според Топ чанел жителите на Драч и покрај обилниот дожд се надвор од нивните домови.
Двата потреса се почувствува и во дебарско предизвкаа вознемреност кај жителите.вт/сд/