Силен земјотрес регистриран на Соломонски Острови
- Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на Соломонските Острови, соопшти Европскиот сеизмолошки центар
![Силен земјотрес регистриран на Соломонски Острови](https://mia.mk/index.php/images/20221102165704_big_730x400_26.webp )
Хониара, 27 јануари 2020 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на Соломонските Острови, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.
За сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Земјотресот бил на длабочина од 48 километри. ми/