Силен земјотрес регистриран во јапонската префектура Фукушима
- Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јапонската префектура Фукушима

Токио, 13 февруари 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јапонската префектура Фукушима.
Епицентарот бил на 81 километри од градот Ишиномаки.
Не е издадено предупредување за појава на цунами.
Се уште нема информации за евнтуалнни жртви и причинета материјална штета.
Во земјотресот со интензитет од девет степени според Рихтеровата скала што ја погоди Фукушима на 11 март 2011 година и предизвика цунами загинаа 18.000 луѓе. Земјотресот предизвика и оштетување на три реактори во никлеарната централа Фукушима 1. ми/