• сабота, 23 ноември 2024

Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Иран

Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Иран
Техеран, 17 февруари 2021 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихетровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Иран, јави иранската државна телевизија. Британските медиуми пренесуваат дека засега нема информации за повредени. Иранската државна телевизија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Сисакт. сд/

Остани поврзан