• среда, 27 ноември 2024

Си-Ен-Ен: Трамп побара да биде пуштен од болница уште во неделата

Си-Ен-Ен: Трамп побара да биде пуштен од болница уште во неделата

Вашингтон, 5 октомври 2020 (МИА) -  Американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше хоспитализиран поради инфекција со новиот коронавирус, побарал во недела да биде пуштен од болница, изјавија извори за Си-Ен-Ен.

Изворот навел дека Трамп е загрижен што изгледа како колеблив човек.

„Њујорк Тајмс“ исто така објави дека американскиот претседател сакал што побрзо да ја напушти болницата.

Состојбата на Трамп продолжи да се подобрува, а Белата куќа е оптимист дека тој ќе ја напушти болницата во текот на денот, јави „Фокс њуз“, повикувајќи се на изјавата на шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоуз. паг/

Остани поврзан