• среда, 27 ноември 2024

Си-ен-ен: Почина имамот што беше ранет пред џамија во Њуарк, во Њу Џерси

Си-ен-ен: Почина имамот што беше ранет пред џамија во Њуарк, во Њу Џерси

Њу Џерси, 4 јануари 2024 (МИА) - Имамот Хасан Шариф, кој беше тешко ранет во средата кога беше застрелан пред џамија во Њуарк, Њу Џерси, почина, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименуван полициски извор.

Шариф работи како службеник за транспортна безбедност (TSO) на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти од 2006 година, се вели во соопштението на Управата за безбедност на транспортот.

Директорот за јавна безбедност на Њуарк, Фриц Фраз, претходно изјави дека пукањето се случило околу 6:15 часот по локално време пред џамијата.

Имамот е пренесен во болница во тешка состојба, соопшти полицијата.

Мотивот за пукањето се уште не е познат, според Одделот за јавна безбедност во Њуарк, а истрагата е покрената. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан