• понеделник, 22 јули 2024

Си-ен-ен: Бајден подготвен да отстрани една од пречките за влез на Украина во НАТО

Си-ен-ен: Бајден подготвен да отстрани една од пречките за влез на Украина во НАТО

Вашингтон, 16 јуни 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да отстрани една од пречките за влез на Украина во НАТО, изјави неименуван владин претставник за Си-Ен-Ен. 

Според него, Бајден би бил подготвен да го отфрли Планот за членство (МАП) за Украина, кој беше опишан во договорот од 2008 година како „следен чекор за Украина... на нивниот директен пат кон членство“.

МАП, окарактеризиран како „програма за совети, помош и практична поддршка прилагодена на индивидуалните потреби на земјите кои сакаат да се приклучат на Алијансата“, е процес низ кој мораа да поминат другите земјиза да се приклучат на НАТО.

Нејзиното отстранување би било мал чекор кон олеснување на пристапот на Украина во одбранбениот сојуз. Тоа е дел од предлогот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за кој се разговараше кога двајцата лидери се сретнаа во Вашингтон претходно оваа недела. мс/ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан