• понеделник, 23 декември 2024

СЗО ќе евакуира околу 1.000 жени и деца од Појасот Газа во болници низ Европа

СЗО ќе евакуира околу 1.000 жени и деца од Појасот Газа во болници низ Европа

Газа, 21 октомври 2024 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) ќе евакуира околу илјада жени и деца од Појасот Газа во здравствените установи во Европа со цел да им пружи итна медицинска помош.

-Немаше да дојде до ова доколку дијалогот продолжеше. Најважниот лек е мирот, изјави претставникот на СЗО задолжен за Европа, Ханс Клуге, пренесува Ал Џезира.

Официјалниот претставник на СЗО задолжен за окупираните палестински територии, Рик Пајперкон, на почетокот на годинава изјави дека најмалку 10.000 луѓе на кои им е потребна итна медицинска помош треба да бидат евакуирани од Појасот Газа.

Во израелските напади врз Појасот Газа во оваа година војување убоени се над 42.500 Палестинци.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан