• понеделник, 23 декември 2024

СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето

СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето

Женева, 6 јуни 2024 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип.

СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми.

„Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни“, се наведува во соопштението на СЗО.  

Случаи на подтип на птичји грип А(Х5Н2) претходно биле пријавени кај живина во Мексико.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан