• сабота, 23 ноември 2024

СЗО: Многу пациенти од уништената болница Ал Шифа во Газа ќе умрат доколку не бидат евакуирани

СЗО: Многу пациенти од уништената болница Ал Шифа во Газа ќе умрат доколку не бидат евакуирани

Женева, 3 април 2024 (МИА) - Многу пациенти од уништената болница Ал Шифа во градот Газа ќе умрат доколку не бидат веднаш евакуирани, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека евакуацијата е бавна и мора да се забрза.

Гебрејесус изјави дека само 10 од 36-те болници во Појасот Газа сè уште се делумно функционални.

Претставникот на СЗО за Западниот Брег и Газа, Ричард Пајперкорн, рече дека уништувањето на болницата Ал Шифа ќе остави илјадници Палестинци без здравствена заштита и дека пациентите ќе мора да бидат префрлени во здравствените установи во северниот дел на Појасот Газа, чие функционирање исто така е сериозно загрозено.

Израелските сили, кои ја напуштија болницата Ал Шифа во понеделникот по двонеделна операција, приведоа стотици осомничени палестински милитанти и оставија зад себе голем број уништени згради.

Израел соопшти дека убила стотици борци на Хамас кои биле стационирани во болницата.

Хамас и медицинскиот персонал негираат дека биле присутни борци. Пред војната, Ал Шифа беше најголемата болница во Појасот Газа со 750 кревети и многу операциски сали. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан