• сабота, 23 ноември 2024

СЗО и УНИЦЕФ: Обука на жени-лидери за поддршка и подигнување на свеста за менталното здравје на тинејџерите

СЗО и УНИЦЕФ: Обука на жени-лидери за поддршка и подигнување на свеста за менталното здравје на тинејџерите

Скопје, 30 октомври 2023

Обука организирана во рамките на „Заедничката програма на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба на децата и адолесцентите“, наменета за жени-лидери во одбрани општини за ангажирање на заедницата кон поддршка и подигнување на свеста во врска со менталното здравје на децата и адолесцентите 

Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Северна Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години. 

За менталното здравје на младите нема многу податоци, но сепак постоечките истражувања укажуваат на големи проблеми со менталното здравје од типот на депресија и анксиозност кај децата и адолесцентите, што се должи на фактори како што се сиромаштијата, социјалната исклученост, изложеноста на семејно насилство и стигмата. 

Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година. 

Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на  децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.

Препознавајќи го исклкучителното значење на менталното здравјте на децата и адослецентите, во септември 2020 година, Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпишаа иновативна Заедничка програма за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите за периодот 2020 – 2030 година. Оваа визионерска иницијатива има цел да обезбеди децата и адолесцентите кои живеат во земји што учествуваат во Заедничката програма да доживеат, до 2030 година, намалено страдање и подобрeно ментално здравје, психосоцијална добросостојба и развој. Со цел постигнување на овие цели, Заедничката програма се залага за зајакнување на капацитетот на земјите да спроведат мултисекторски стратегии, засновани на докази и на човековите права, кои треба да обезбедат можности, поддршка и услуги за деца, адолесценти и за луѓето кои се грижат за нив. Освен тоа, Заедничката програма има за цел да ги зајакне видливоста на овој проблем, свеста за истиот и инвестициите како на национално така и на глобално ниво, низ соработка.

Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставуваме соработка со жени-лидери од одбрани локални заедници и им помагаме да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблеми поврзани со менталното здравје. Целта ни е да им обезбедиме на ангажираните жени-лидери знаење и алатки и да ги охрабриме да го кренат гласот во средините каде живеат за оваа значајна тема.

Обуката што се организирана во хотел „Солун“ во Скопје, на 30.октомври 2023. година е појдовна основа за една последователна низа активности во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во кои, во текот на ноември 2023. година, ќе се одржат форуми во заедниците со жени-лидери, како и разговори со претставници на училиштата коишто го унапредуваат здравјето. Ваквите активности ќе продолжат и во 2024 година во други општини. 

„Ова е одлична можност да се искористи на најдобар начин потенцијалот на жените-лидери во заедницата за остварување позитивен исчекор во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат,  и ќе бидат гласни застапници за ментално здравје”– смета д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Северна Македонија, на поводот на отворањето на првата работилница за обука.

„Преземањето активности за превенција и поддршка во заедницата и во училиштата е од големо значење за менталното здравје и психосоцијалната добросотојба на децата, а особено на девојчињата и момчињата во вуленрабилни ситуации. Истражувањата исто така покажуваат дека менталното здравје на родителите и згрижувачите е од корист за сите. Затоа ни се потребни услуги во областа на менталното здравјте прилагодени на специфичните потреби на децата и на адолесцентите. Но истотака, потребно е да се разбие стигмата околу менталните болести и менталното здравје, за да се промовира здрава и поддржувачка средина којашто ја негува општата добросотојба на децата, нивните згрижувачи и општеството во целина“ - изјави г-ѓа Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ во земјата. 

Министерството за здравство на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, презеде обврска да изготви „Национален акциски план за ментално здравје и психосоцијална добросостојба на децата“ и адолесцентите до декември 2023 година, сакајќи да им помогне на сите деца и адолесценти од гледна точка на трите сектори: здравство, образование и социјална заштита. 

„Наша обврска е да бидеме проактивни во оваа област и да создадеме подобар и поповолен амбиент за нашите деца. Секое девојче и момче го заслужува правото да биде поддржано и да расте во безбедна и здрава средина” – изјави д-р Фатмир Меџити, министер за здравство. 

Искористувајќи ги расположливите стручност и искуство, СЗО и УНИЦЕФ ќе продолжат заеднички да дејствуваат со сите засегнати страни, вклучително децата и адолесцентите, во насока на забрзување на акцијата за подобрување на менталното здравје, психосоцијалната добросостојба и развојот на децата и адолесцентите со помош на Заедничката програма.

 

СЗО и УНИЦЕФ 

_______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан