• сабота, 23 ноември 2024

СЗО загрижена за порастот на случаите на коронавирус

СЗО загрижена за порастот на случаите на коронавирус

Женева, 27 септември 2023 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради порастот на случаите на коронавирус во неколку земји пред претстојната зима, јави ДПА.

За жал, не сите земји пријавуваа случаи, но меѓу оние што ја информираа СЗО, се зголемија приемите во болниците и третманот за Ковид-19 во единиците за интензивна нега, изјави денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека процентот на вакцинирани луѓе во групите со висок ризик е загрижувачки низок во Америка и Европа.

-Ковид-19 можеби не е толку акутна криза како што беше пред две години, но тоа не значи дека можеме да ја игнорираме болеста, нагласи Тедрос. мс/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан