• сабота, 23 ноември 2024

СЗО: Во Африка регистрирани се над 200.000 лица инфицирани со Ковид-19

СЗО: Во Африка регистрирани се над 200.000 лица инфицирани со Ковид-19
Преторија, 10 јуни 2020 (МИА) - Во Африка вкупно се инфицирани повеќе од 200.000 лица, објави денеска регионалниот огранок на Светска здравствена организација. Според последните податоци на СЗО, вкупниот број на заразени луѓе во 54 држави на африканскиот континент изнесува 201.157, од кои 5.486 лица починале, а оздравеле 90.374 луѓе. Најголем број на заразени  има во Јужна Африка - 59.991 лица, а најмногу смртни случаи се забележани во Египет - 1.271 луѓе. ми/

Остани поврзан