• среда, 25 декември 2024

СЗО: Вирусот најверојатно потекнува од лилјаците

СЗО: Вирусот најверојатно потекнува од лилјаците
Женева, 4 август 2020 (МИА) - Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник. - Тимот имаше опширни разговори со кинеските колeги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошките и генетските анализи и ветеринарни истражувања, исјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер. Тој додаде дека имало и видео-разговори со виролозите и научниците од Вухан. Претставникот на СЗО, Мајк Рајан вчера истакна дека се можни изненадувања. - Фактот дека алармот се запали во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек, посочи Рајан. ми/

Остани поврзан