• понеделник, 23 декември 2024

СЗДМ: За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин

СЗДМ: За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин

Скопје, 7 февруари 2024

Почитувани, во врска со состојбата на недостиг на инсулин и терпаија Ве известуваме дека СЗДМ со особено внимание, континуирано ја следи и се информира со состојбата на достапност на терапија до лицата со дијабетес на инсулинска терапија. За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на Ryzodeg согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти - еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија.

Воедно ја известуваме јавноста дека се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus, дека побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, во моментов не мислислме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии.

СЗДМ изјавува дека моменталната состојба само ги потврдува нашите долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со Отворен пазар и воведување на Референтни цени. Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со Дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата.

Затоа АПЕЛИРАМЕ на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период.

Почитувани соборци, кои сте подложни на промени, исклучиво да се консултираат со специјалистот и со нов извештај да направат промена, со Ваш избор од можните замени!

Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ)

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан