• сабота, 08 март 2025

Се шири птичјиот грип во Албанија, уништени 68 илјади кокошки

Се шири птичјиот грип во Албанија, уништени 68 илјади кокошки

Тирана, 8 март 2025 (МИА) - Птичјиот грип Х5Н1 ја прошири картата на инфекции во Албанија и една од најголемите живинарски фарми во земјата ја има болеста во четири објекти.

Досега се уништени 68.000 кокошки, а блокирани се 415.000 јајца.

Шефицата на кабинетот на Министерството за земјоделство, Ермира Ѓечи рече дека јајцата на пазарот се безбедни, бидејќи инспекторите на Агенцијата за ветеринарство и храна ја повлекле целата количина на јајца од оваа фарма.

Според Министерството за земјоделство, на пазарот нема заразени кокошки или месо. Со цел да се спречи инфекција на други живинарски фарми лоцирани во областа Рашбул во Драч, овие бизниси мора да се придржуваат до строгите мерки за биосигурност.

- Производите се безбедни, бидејќи кокошката не може да дава јајца кога е погодена од овој грип. Во меѓувреме, не се дозволени движења во објектот за да се спречи инфекција, додаде Ѓечи.

Според медиумите птичјиот грип Х5Н1 е присутен во 21 европска земја, поради што Албанија го забрани увозот на јајца од овие земји.  Во САД оваа инфекција им донесе големи штети на живинарските фарми, што услови и највисока цена на јајцето, кое се продава за 1,4 долари. вт/паг/

Остани поврзан