• сабота, 27 јули 2024

Се чистат улиците во Македонски Брод и блиските села

Се чистат улиците во Македонски Брод и блиските села

Кичево, 1 февруари 2022 (МИА) - Екипи на комуналното претпријатие и на општина Македонски Брод излегоа на терен за да го отстранат снегот од коловозите и тротоарите за да можат жителите непречено да се движат пеш и со автомобили.

За цело време работата ја следи градоначалникот на општина Македонски Брод Жарко Ристески.

-За да им овозможиме на нашите сограѓани  без проблеми да се движат по улиците и тротоарите пристапивме кон чистење на снегот во поголемиот дел од градот. Работата е завршена на добар дел улици и тротоари, а до крајот на денот градот ќе биде комплетно исчистен, изјави градоначалникот  Ристески и најави чистење на патиштата  во повисиките населби во општината..

Информира дека освен во градот се интевенира и во поблиските населби Требино, Суводол и Сланско, а во текот на утрешниот ден ќе се продолжи со чистење на патиштата до ридско-планинските села.

-Паралелно со чистење на снегот на коловозите и тротоарите се фрла сол и песок за да се подобри абразивноста и намали можноста од излетување, додаде градоначалникот Ристески. за/мд/

Остани поврзан